2win800x200

Д-р Зоран Литовски специјалист дерматовенеролог од вчера е дел од тимот на Битолската болница

Јули 09, 2025

Д-р Зоран Литовски специјалист дерматовенеролог, од вчера е дел од тимот на Кожното одделение во Клиничката болница Битола. Д-р Литовски е познат и признат лекар во својата област со две децениско искуство во приватниот сектор. 

„Во услови кога во Клиничката болница има недостаток на готов специјалистички кадар и повеќе од добредојдени се специјалисти со повеќе годишно искуство што претставува придобивка за медицинскиот персонал, а најповеќе за пациентите“ изјави  д-р Ненси Лозанче, директор на Клиничката болница Битола.

Како и во цела Македонија што недостига кадар од лекари специјалисти, така и Битолската болница се соочува со тој проблем, а директорката д-р Лозанче ветува ново екипирање од лекари специјалисти.

„Наследивме очајна состојба во недостиг на персонал и заради тоа нашиот напор е да се вратат лекарите кои се веќе пратени на специјализација, во нашата болница. Во претходниот месец се вратија ортопед, двајца уролози, психијатар, хирург. Во наредниот период ќе има враќање и на други лекари, а истовремено ќе се реализираат и вработувањата на нови кадри. Двајца општи доктори добија специјализации. Во тек е и конкурсот за прием на приватните специјализанти, согласно заложбите на Владата. Тринаесет приватни специјализанти аплицираа за прием во Клиничка болница Битола, состојбата е далеку од добра, но со искрена желба и добро разработен план за реализација, ќе се подобрува состојбата за подобар третман на пациентите од регионот“, изјави д-р Лозанче неодамна за АПЛА.мк.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани