
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Културно - уметничкото друштво "Јане Сандански" од Мелбурн Австралија е на голема турнеја низ Македонија. Игроорците синоќа настапија во Битола. Членовите на ова друштво се деца на наши иселеници кои ја негуваат традицијата на изворни македонски ора и песна. Лидија Василевска Панева од Мелбурн, Австралија вели дека КУД "Јане Сандански" постои 40 години и е едно од најстарите играорни друштва на Македонци во Австралија во кое членуваат над 180 деца со потекло од Македонија. Синоќа нашинците настапија во Битола во Центарот за култура на манифестацијата "Гоцеви денови" . Фото Апла.мк