2win800x200

Коњановски домаќин на италијанскиот амбасадор кој е во прва посета на Битола

Јули 11, 2025

НОВОНАЗНАЧЕНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ АМБАСАДОР ВО ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

 
Н.Е. Паоло Палминтери, амбасадор на Италија во нашата држава, денес беше во прва работна посета на општина Битола, каде што оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски. 
 
Во фокусот на средбата беа повеќе теми, но и конкретни проекти. Градоначалникот Коњановски и амбасадорот Палминтери, разговараа и за можностите за понатамошна соработка во делот на културата, образованието, можностите за стипендирање на студенти, како и условите за поголемо вклучување на изучувањето на италијанскиот јазик во битолските училишта. 
Се разговараше и за економската соработка, особено на полето на заштита на животната средина, активности поврзани со зелената агенда и енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, кои што во изминатиот период се реализираа во општината, како и за можноста за зголемена соработка на ова поле.
Општина Битола и Амбасадата на Италија, ја продолжуваат својата соработка и во делот на културата, но и во областа на економскиот развој и зголемената соработка на економски план, преку Конзуларниот кореспондент на Амбасадата на Италија во Битола, г-н Зоран Ристевски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани