АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „НИКО ФУНДАЛИ“
Денес започна асфалтирањето на дел од улицата ,,Нико Фундали'' во Битола, во рамки на проектот за реконструкција на коловозот, водоводната и мешовитата канализациона мрежa, со вкупна должина од 340.70 метри.
Направена е целосна реконструкција на постоечката коловозна конструкција, како и реконструкција на тротоарите од префабрикувани павер елементи.
Кај водоводната мрежа, старите азбест цементни и PVC водоводни цевки се заменети со нови (PE) полиетиленски, додека кај канализационата мрежа заменети се постоечките бетонски цевки со нови коругирани (PE) полиетиленски цевки со класа SN8 со ID 300мм.
Вкупната вредност на проектот изнесува 12.628.225,00 денари, од кои за коловоз 7.506.051,00 денари, за водовод 2.443.398,00 денари и за мешовита канализација 2.678.776,00 денари.