АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчанката Марија Станковска на социјалните мрежи го промовираше нејзиниот нов шпански кавер на популарната песна „La Cintura“ од Alvaro Soler. Во нејзината 18 годишна кариера може да се пофали со неколку авторски песни, спотови, соработки со други изведувачи и неколку кавери на популарни песни. На прашањето зошто шпанска песна Марија ќе каже: „Го сакам шпанскиот јазик уште од мала, долго време чекав момент кога и како да го истакнам преку музика, бидејќи најмногу се пронаоѓам во шпанската музика, тоа е моја љубов уште од дете’’. Шпанскиот кавер е снимен во Гимел Студио од Битола.