2win800x200

Пеце Милевски - Фондот за здравство ќе финансира до шест обиди за ин витро оплодување

Јули 11, 2025

Битолскиот пратеник Пеце Милевски објави дека мнозинството во Парламентот ги изгласа измените во Законот за здравствено осигурување со што Фондот за здравство ќе финансира до шест обиди за ин витро оплодување. Милевски објави - " Секое семејство ќе може шест пати, со финансиска поддршка од Фондот да ја користи процедурата за ин витро оплодување.

 
Парламентарното мнозинство ги поддржа измените на Законот за Здравствено осигурување.
 Родителството е едно од основните човекови права, најсвета должност, највозвишен чин и најцелосно остварување.
 
Демографијата е едно од најважните прашања за Македонија, објави Милевски.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани