
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден.Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле.
Денеска се слави во манастирот во Смилево.
На воздушна линија од само околу еден километер од Смилево, или десетина километри неасфалтиран пат, североисточно од селото, во смилевската корија, опкружен со столетна шума и во препознатлив песнопоен амбиент, се наоѓа манастирот “Свети Петар и Павле”.
Се претпоставува дека е стар повеќе од 150 години и се вбројува во нашите најпознати културно-историски споменици. Меѓутоа заради отсуството и негрижата, старата манастирска црква подолго време била препуштена на забот на времето и од неа останале само руини.
Според сеќавањата на постарите смилевци, во манастирот, целиот свој живот го поминал Егуменот Петре чија што предсмртна желба била, на ова место да се изгради нова манастирска црква. Со божја помош, уште во 80-те години од минатиот век, во манастирскиот комплекс, вредните смилевски неимари ја започнаа изградбата на конаците, како и возобновувањето на манастирската црква, со што е исполнета исконската желба на смилевци, но и аманетот на егуменот Петар.
Манастирот “Свети Петар” е составен дел од историското минато на Смилево, но и составен и неразделен дел од смилевското катадневие и роднокрајните смилевци кои останале во селото, но и на оние кои поради разни причини го напуштиле и се преселиле во градовите или во други земји.
Манастирската црква е осветена во 2018 година.
Фото и текст Општина Демир Хисар