2win800x200

Отворена годишната традиционална изложба на ДЛУБ

Јули 12, 2025

ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЛУБ ВО КЦ МАГАЗА

 
'' На 10 јули 2025, во чест на ликовната уметност, по 51 пат беше отворена традиционалната изложба на Друштвото на ликовни уметници од Битола, која ја слави креативноста и континуитетот на современото уметничко творештво. 
На изложбата се претставени 35 дела од 34  уметници, чии творби ја носат енергијата, длабочината и духот на денешното време. 
Со особено задоволство, годинашната награда „Борислав Траиковски“ за 2025 му беше доделена на Синиша Кашавелски, за неговиот исклучителен придонес, доследна уметничка посветеност и автентичен израз.“, рече Нела Петровска, претседател на ДЛУБ.
 1000002821
„Победникот треба да ги поставува идните трендови или да го отсликува современиот естетски вкус на уметноста во својата држава и светот. Изборот на кандидати нималку не беше едноставен, бидејќи уметниците-членови навистина се потрудиле да се претстават со најдоброто. По разгледувањето на многуте успешни дела и тешкиот избор на потесен круг кандидати, сметам дека Синиша Кашавелски со делото „CULTUS IMAGINIS" треба да биде победник и носител на наградата „Борислав Траикоски". Маестралноста во творештвото на Синиша Кашавелски се одразува преку класичниот академски сликарски израз и надреалистичкиот механизам на уметничка размисла“ вели м-р Викторија Димеска, Историчар на уметност.
 
Ако се согласиме дека уметноста е семиотички систем, тогаш ДЛУБ е толкувач на знаците на Битола, оној кој ги открива нејзините симболи. Тој е огледало во кое градот се гледа себеси, но не како обична рефлексија, туку како борхесовско огледало што го множи и прекршува идентитетот во бесконечни варијации. ДЛУБ е меморија на Битола, архив на нејзините соништа, трауми и аспирации. Секое дело е текст, секоја изложба – глосар, секој уметник – семиотичар што го чита и препишува наративот на градот. ДЛУБ е невидливиот двојник на Битола, град на желбата, населен од портали кон одандестраното и дом на мапи на невидливото. Значењето на изложбите на ДЛУБ за Битола е повеќеслојно, речиси мистично“, вели Филип Иванишевиќ, историчар на уметност. 
 1000002814
На отворањето на изложбата присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој ги поздрави присутните и им честита за нивниот ентузијазам, креативност и искрени заложби во ликовната уметност. 
 
ДЛУБ изрази благодарност до Општина Битола за континуираната поддршка. Соработката со локалната самоуправа е од суштинско значење за унапредување и одржување на културниот живот во нашиот град
Изложбата ќе биде отворена во КЦ Магаза во Битола до 18 јули, секој ден освен недела во периодот од 10 до 14 и од 18 до 21 часот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани