Со 17 гласови „за“ изгласан е ребалансот на буџетот на општина Битола. Против беа СДСМ, а воздржани независните советници. Градоначалникот Тони Коњановски искажа јавна благодарност до сите советници кои како што објави застанаа зад напредокот на градот.
„Денес е историски ден за Битола.. Основна причина за да се изготви овој ребаланс се средствата добиени на повикот на Владата на Р. Македонија во висина од 707 милиони денари како поддршка на проектите со кои нашата Општина аплицираше на последниот повик“, рече градоначалникот.
Коњановски најави дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот во Битола.
Образование и спорт:
И
зградба на 3 типски спортски сали во:
ОУ „Стив Наумов“
ОУ „Тодор Ангелевски“
ОУ „Даме Груев“ – подрачно училиште во Долно Оризари
Вредност: 144 милиони денари
Реконструкција и изградба на 9 училишни игралишта во:
ОУ „Даме Груев“
ОУ „Климент Охридски“
ОУ „Трифун Пановски“
ОУ „Ѓорѓи Сугарев“
ОУ „Гоце Делчев“
ОУ „Гоце Делчев“ Игралиштето во „турското“ училиште
ОУ „Коле Канински“ – Буковски ливади
ОУ „Тодор Ангелевски“ – Горно Оризари
ОУ „Тодор Ангелевски“
Вредност: 112 милиони денари
Реконструкција на игралиштата во:
Населба Стрелиште
Брусничка населба– тениско игралиште
Вредност: 28 милиони денари
Изградба на 6 нови паркинзи во:
Овчи пазар
Ат пазар
Ул. Браќа Џаферови
Поранешна касарна
Кај Хеликоптерот
Кај Кифлата
Вредност: 30 милиони денари
Над 150 нови паркинг места
Реконструкција и пренамена на објект во Буковски ливади во училиште
Вредност: 30 милиони денари
Изградба на атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“
Вредност: 77 милиони денари
Битола оди напред инвестициите не смеат и нема да застанат!