2win800x200

Битола воведува дежурства на општинските инспектори - Пријавете дивеење во сообраќајот, јавната чистота, уништување на јавните добра

Јули 15, 2025
ДЕЖУРСТВА НА ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОРАТ НАДВОР ОД РАБОТНОТО ВРЕМЕ
Поради зачестените појави на девијантно однесување на поединци на територијата на општина Битола, како и сè побројните евидентирани прекршоци во областа на градежништвото, сообраќајот, услужните дејности, јавната чистота, несовесното постапување со јавните добра, за кои што постојано се поднесуваат пријави од граѓаните, Општина Битола донесе одлука - Секторот Општински инспекторат да биде целосно активен на терен и вон утврденото работно време.
Општина Битола воведува секојдневни дежурства на терен на инспекторите, со цел да се констатираат било какви незаконски и прекршочни дејствија на територијата на целата Општина.
Дежурствата ќе се спроведуваат секојдневно со вршење на надзори и обиколки, во и вон работно време во работните денови, како и во викенди и неработни денови. Граѓаните имаат можност за затекнати појави на несоодветно и девијантно однесување да го информираат општинскиот инспекторат и преку дежурниот телефонски број 075388797.
Одлуката за делувањето на инспекторатот на територијата на Општина Битола е да се превенираат било какви нерегуларности, недоследности и незаконитости во секоја сфера на општественото живеење, бидејќи секој граѓанин заслужува мирна и квалитетна животна средина. Тоа е неприкосновено законско право на секој од жителите, а Општината со сите свои ресурси, ќе се залага за негова реализација.
Со оваа одлука, Општина Битола, останува доследна на спроведувањето на законските одредби при постапувањето и справувањето со проблемите со кои се соочуваат нејзините граѓани.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани