2win800x200

Побрзо заврши истрагата за Кочани отколку за Дранго и мечката

Јули 17, 2025

БИТОЛА – Истрагата за демирхисарецот Сашо Дранго, кој се сликаше со отепана мечка уште трае, или поточно се развлече. Од Нова година од кога се обелодени случајот,  досега се чека епилог за „трофејот“ – мртвата мечка со која се сликаше Дранго.

Случајот предизвика бурни реакции во јавноста, оти Сашо Дранго тогаш беше заменик-директор на „Македонија пат“ и со партиска функција – претседател на Унија на ветерни на ВМРО-ДПМНЕ на Демир Хисар.

ОЈО Битола експресно отвори предмет и презеде дејствија за обезбедување докази. Дранго беше викнат во Обвинителството да даде исказ, а истражните органи со судска наредба влегоа и во неговиот дом во демирхисарско и извршија претрес. Јавно, ниту ОЈО Битола, ниту Дранго не кажаа што нашле во куќата кај тогашниот државен и партиски функционер. Особено за јавноста беше предмет на интерес дали евентуално полицијата ја најде пушката со снајперски нишан што Дранго ја држи во раката на спорната фотографија со мечката.

Денеска за „Независен“ ОЈО Битола со краток одговор  потврдува дека за предметот на Дранго уште следат постапки што треба да се дополни истрагата.

„Постапката е во тек со дополнителни проверки за кои јавниот обвинител издаде соодветни наредби до СВР Битола“, одговори ОЈО за „Независен“.  Целиот текст на https://nezavisen.mk/pobrzo-zavrshi-istragata-za-kochani-otkolku-za-drango-i-mechkata/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани