2win800x200

Почина професорката Рамона Маркоска од Информатичкиот факултет во Битола

Јули 18, 2025

IN MEMORIAM

Ред. проф. д-р Рамона Маркоска
1963-2025
 Почина д-р Рамона Маркоска, редовен професор на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Д-р Рамона Маркоска академската кариера на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ја започна на Техничкиот факултет – Битола во 2008 година, а во 2014 година продолжи со работа на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.
-Со нејзината смрт академската заедница на ФИКТ и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола загуби драга и почитувана колешка, истакнат и посветен наставник и истражувач од областите на програмските јазици и технологии, семантичките веб технологии, моделирањето на е-бизнис процесите и менаџментот на информатичките и комуникациските технологии.
Меѓу колегите и студентите ќе остане запаметена по нејзината стручност и посветеност во изведувањето на наставно-научната дејност, објавија колегите од Битола 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани