2win800x200

Љубе Маркоски е новиот директор на Студентскиот дом во Битола

Јули 18, 2025

Љубе Маркоски е новиот директор на Студентскиот дом ,,Кочо Рацин" во Битола. Маркоски е кадар на партијата ЗНАМ и доаѓа на местото на Соња Карапец која со домот раководеше последните 8 години. 

 -Мојата досегашна кариера  е изградена во приватниот сектор со повеќе од 12 години работа воглавно за интернационални компании. Последните години работев во областа на финансиите во интернационална компанија која има свое претстваништво и во Македонија. Имам стекнато значајно искуство работејќи за странски компании со седиште во Велика Британија и неколку години во Соединетите Американски Држави каде имав прилика да престојувам и работам во областа на односи со клиенти, супервизија, следење на стандарди и квалитет , административни, финансиски и технички задачи каде што ги надградував и применував моите професионални и организациски вештини во динамични и конкурентни средини, изјави Маркоски за "Апла" .
 1000002981
Новиот директор на Студентскиот дом во Битола е познат во јавноста и како поранешен 5 годишен репрезентативец на Македонија во нордиско скијање и бијатлон. -Спортови кои ме научија на дисциплина, упорност и посветеност — вредности кои ги носам и во мојот професионален ангажман, вели Маркоски.
 
Маркоски се јавува и како автор на  неколку книги и како дел од здруженија за афирмирање на културни вредности. -Моето пишување се протега и на полето на новинарството како уредник и колумнист, каде што активно сум ги следел и коментирал општествените процеси. Верувам во моќта на образованието, културата и спортот како двигатели на позитивни промени", нагласи Маркоски.
 
-Токму оваа симбиоза и сплет на околности ме потикнаа на оваа функција  и на овој нов голем предизвик, како можност за суштински подобрувања во квалитетот на студентскиот живот. Изминатите денови пребарувајки низ отоманските архиви и читајки ја историјата за Студентскиот дом „Кочо Рацин“ морам да признаам дека не бев свесен дека покрај примарната дејност во овој момент во кој треба да обезбедиме квалитетен студенски стандард, објектот има своја душа и своја приказна повеќе од 150 години и е од големо историско значење. Токму на оваа локација е инсталиран првиот рендген апарат на балканот. Во текот на Балканските и Првата светска војна, болницата била користена од страна на француските и српските воени сили, како одделение за интерна медицина и хируршки интервенции. Објектот сведочел на болката на војниците, но и на хуманоста на лекарите, меѓу кои се споменува и значајниот д-р Рифат Осман, еден од првите обучени рендгенолози во регионот.
Денес, век и нешто подоцна, оваа зграда има нова функција – дом за студентите. Но токму таа историја, слоевита и тешка, ме мотивира со уште поголема посветеност да работам на нејзиното осовременување и отворање кон иднината", вели Маркоски во изјава за "Апла"
 
 Накрај  Маркоски напоменува дека со влегувањето во домот затекнал одлична работна атмосфера и вели дека сметките се во позитива, но се уште е во процес на ревизија и нема информации за што се трошени средствата изминатиот период.
 
- Затекнав прекрасни вработени и врвни професионалци во домот, со огромно животно и деловно искуство, во кои покрај што постојат огромни капацитети и компетенции, постои огромна визија да создадеме средина што наликува на современ студентски хотел, но со душа и карактер. Во рамките на можностите ќе работиме на подобрување на условите за живеење, дигитализација на процесите, подигнување на квалитетот на услугите, и – најважно, активно вклучување на студентите во креирањето на домот по нивна мерка" вели Маркоски и накрај порачува - Отворен сум за соработка со сите релевантни институции, организации, медиуми и, секако, со самите студенти, кои се во фокусот на мојата визија." Текст А.Б 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани