2win800x200

"Апла" дознава - Во тек е спасувачка акција на Пелистер, се спасува повреден планинар

Јули 20, 2025

Апла дознава дека во тек е спасувачка акција на Пелистер, се спасува планинар кој се повредил на патеката по камењар. Повредениот бил на локација над Видиковецот и неофицијално не бил битолчанец.  Дознаваме дека спасувачите од Дирекцијтаа за заштита и спасување, ЦУК и обучени лица вклучени во акцијата од НП Пелистер се на терен и дејствуваат за спасување на повредениот.  Сопред информација од  ДЗС и МВР треа  заедничка акција за извлекување на повредениот планинар, откако тој при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи.

 Местото каде што се наоѓа повредениот планинар,  е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде превземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските тигри, соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Текст А.Блажевска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани