2win800x200

(фото) Успешна спасувачка акција на Пелистер - Спасен е планинарот што беше повреден кај Камењарот

Јули 20, 2025
фото Иванчо Тошевски- Спсувачка акција на пелистер фото Иванчо Тошевски- Спсувачка акција на пелистер

Успешно заврши спасувачката акција на Пелистер за спасување на планинар кој беше повреден на патеката по камењар на локација над Видиковецот. Повредниот е искусен планинар  од Велес.  Веста ни ја потврди директорот на НП Пелистер, Иванчо Тошевски 

 IMG ba094eab88e6ed3a141b6143277e42b0 V

-По добиениот повик на официјални лица од ДЗС се организиравме и за  неполни два часа  бевме на локацијата кај повредениот планинар на 200 метри надморка висина. Акцијата заврши успешно, по укажаната прва помош повредениот беше имобилизиран и на раце, со мобилна носилка  беше транспортиран на локација до Горна Ливада. Таму беа направени потребни подготовка за да слета хеликоптер. Припадници на ЕСЗ Тигар со хеликоптерот го преносоа до Битола за да му се пружи лекарска помош до Клиничка болница Битола, изјави Иванчо Тошевски директор  на НП Пелистер кој учествуваше лично во акцијата бидејќи и самиот е дел од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување. 

Тошевски вели дека нема лесна спасувачка акција. 

- Акцијата подразбираше движење по стрмен терен и лоцирање на повредениот, спуштање до локација на повредниот, извлекување, спуштање по Камењар на раце на носилка до Горна Ливада, изјави Тошевски.  

Директорот на НП Пелиситер, Иванчо Тошевски изрази голема благодарност до битолските планинари кои случајно се најдоа до местото на незгодата и покажаа интерес да помогнат .

-Браво за хуманиот гест на битолските планинари! , се заблагодари  Тошевски. 

 Текст Анета Блажевска 

Фото Иванчо Тошевски 

 IMG e7c885a6dce1abc7237d36e646ce93ec V

 IMG cb822fd8b900964862e273a300f3485e V

IMG 948fafee6cde1db24c71995123c5236b V

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани