ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРАЊЕТО НА УЛИЦА „ШИРОКА“
ГД Гранит АД Скопје, ја известува јавноста за продолжување на затворањето на ул. „Широка“, поради реализација на Проектот на Општина Битола: „Реконструкција на линиска инфраструктурна градба на ул.„8-ми Септември“ и тоа: Реконструкција со доградба на коловоз L=840,00м, Изградба на атмосферска канализација, Реконструкција со дислокација на мешовита канализација на дел од улицата L=732,30м, Изработка на куќни приклучоци на мешовита канализација L=87,87м, Реконструкција со дислокација и изградба на водоводна мрежа на дел од ул.„8-ми Септември“ и Изградба на улично осветлување на дел од ул.„8-ми Септември“ во Битола“.
Согласно Временото сообраќајно решение – фаза 7 и фаза 8, кое претставува дел од дополнување на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај при реконструкција и доградба на дел од ул. „8-ми Септември“ во Општина Битола, затворањето на споредната улица „Широка“ ќе биде продолжено и ќе трае заклучно со среда, 23.07.2025 година.
Ова продолжување е неопходно за безбедно и непречено извршување на градежните работи поврзани со подготовка на асфалтерски зафати.
Потребно е сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон поставената привремена сообраќајна сигнализација и да користат алтернативни правци на движење.