
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Вечер исполнета со звуци, бои и чувства, така изгледаше Литванската вечер на музика и уметност во Битола. Публиката имаше ретка можност да се поврзе со магијата на Чурљонис, преку изведбата на дуото Зубовас, кои преку својот настап раскажаа една длабока приказна.
Настанот беше дел од одбележувањето на 30 години дипломатски односи помеѓу двете земји, симболична потврда дека културата зборува јазик што сите го разбираат.
Настанот беше во организација на Europe House Битола и Амбасадата на Литванија во Скопје.
Благодарност за поддршката до Општина Битола.