ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради изведувањето на нова водоводна линија во Логоварди и Поешево, со цел да се исклучи можноста за настанување дефекти на овој дел од водоводната мрежа, водоснабдувањето ќе биде редуцирано за корисниците од овие населени места.
Во текот на оваа работна недела, почнувајќи од утрешниот ден, 29.07.2025 (вторник), па сè до 31.07.2025 (четврток), водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 07:00 до 16:00 часот.
По 16:00 часот, во овие денови, водоснабдувањето ќе се врши со намален проток.
Нормализирање на водоснабдувањето за овие корисници се очекува во петок (01.08.2025).
Ви Благодариме на разбирањето.
Со почит,
ЈКП Водовод – Битола