Во пресрет на големиот христијански празник Св.Петка, вработените од ЈУНП Пелистер, во соработка со месното население од Цапари, на задоволство на сите верници и љубители на природата, во изминатите три дена и покрај високите температури активно работеа на уредување на просторот околу манастирот во Цапари. Истовремено беше уреден и просторот околу Цапарскиот вир или меѓу локалците познат како Вистински вир.
"За нас како ЈУНП Пелистер од исклучително значење и важност е соработката со локалното население и во периодот кој следи таа соработка ќе ја јакниме преку континуирана меѓусебна поддршка во насока на заштита на природата и промоција на потенцијалот кој го има Потпелистерието за развој на туризмот" - изјави Иванчо Тошевски, директор на НП Пелистер Битола.

Цапарскиот вир или попознат и како Вистински вир е лесно достапна и атрактивна локација за сите граѓани. Лоциран е на граница на НП Пелистер, веднаш над Цапари, каде сите љубители на планината можат да уживаат во мирот и тишината на природата далеку од високите температури. - Напоменуваме дека забраната за движење во шума сé уште е на сила и сите заинтересирани посетители треба да знаат дека е потребно да извадат дозвола за движење од седиштето на НП Пелистер, од Инфоцентарот или по електронски пат од FB или WEB страната.

Притоа да не се заборави дека единствено место за одлагање на вашиот отпад на планина е вашиот ранец, велат од НП Пелистер.

Од таму апелираат до сите граѓани, секое несовесно однесување да го пријават на еден од следните броеви: