2win800x200

Левица Битола - Суспендираниот инспектор од Општина Битола со имот како бизнисмен

Август 15, 2025

Битолскиот огранок на партијата Левица тврди дека обвинетиот инспектор од Општина Битола поседувал 4 станови покрај спорната дивоградба за која се води постапка. Соопштението од Левица ви го пренесуваме во целост. СУСПЕНДИРАНИОТ РАКОВОДИТЕЛ НА ИНСПЕКТОРАТОТ ВО БИТОЛА СО ИМОТ КАКО БИЗНИСМЕН

 
Суспендираниот раководител на битолскиот инспекторат Кирил Мицевски, кој веќе е под обвинение за дивоградба и злоупотреба на службената функција, поседува четири стана и дивоградба за кој постои постапка.
 
Како што Левица ги откриваше контроверзните дејствија на ова лице кое под сомнителни околности се поврзуваат случаеви за вршење на рекет и злоупотреба на службена должност спротивно од законот за вршење на штета на локалната самоуправа за нелегални градби и други дејствија, откриваме информации колку тежи овај корумпиран инспектор во катастарот за недвижности. 
 
Според имотните листови кои се споделени за јавноста, на Улица "Ленинова 65" – во строгиот центар на градот – поседува цел спрат од зграда со повеќе станови со симптоматично поделени квадрати, каде цената достигнува 2000 евра по м².
 
Дополнително, поседува станови и на Улица "Партизанска".
 
Прашањето е: Како со инспекторска плата може да се стекне ваков луксузен имот!?
 
Дали овие станови се резултат на условување, рекетирање и злоупотреба на 
функцијата!?
 
Дали тој поседува уште поголем имот во Битола, Грција, Скопје и Охрид!?
 
Јавно го повикуваме Основното јавно обвинителство и МВР да спроведат детална и непристрасна истрага за имотната состојба на овој поранешен функционер, и ако се утврди незаконско стекнување, да биде изведен пред лицето на правдата.
 
Како посетување за јавноста, раководителот на општинскиот инспекторат во Општина Битола, Кирил Мицевски е обвинет затоа што на своја парцела изградил непрописно луксузна куќа со базен која истата ја издавал за приватни журки.
 
Според имотен лист, оваа парцела има намена за помошни објекти во земјоделството, а не е наведено куќа и базен како што е на терен!
 Левица 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани