АСФАЛТИРАЊЕ НА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЗА БУКОВО
Денес се изврши асфалтирање на локалниот пат за село Буково, во должина од 600 метри како реализација на договорот од проектот „ Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола “.
Асфалтирањето е на првиот слој на десниот дел на коловозот, а во претходната фаза извршена е стабилизација на банкината и вградени се префабрикувани бетонски каналети за одводнување на коловозот.
Проширувањето на патот е по барање на жителите на село Буково за побезбедно одвивање на сообраќајот, а истиот е проширен симетрично на постоечкиот коловоз од двете страни по 1 метар, а во вкупна ширина од 5,50 м².
Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а изведувач е ЗИМАК Стретен ДООЕЛ Битола.