2win800x200

Во Буковскиот манастир почна славењето на "Преображение Христово"

Август 18, 2025

Често се вели дека Буковскиот манастир „Свето Преображение Христово“ е духовен центар за голем број македонски верници од потпелистерските и пелагониските населби.

Како градба манастирот е еден од најрепрезентативните во Потпелистерскиот Регион. 1000004470

-Ноќта спроти 19 август буковци, битолчани, верници од целиот овој крај доаѓаат во манастирот спроти празникот Преображение, или како ние што си го знаме празникот Спасовден. Стотина верници креваат лепче за здравје, а буковци чекаат гости и служат ручек. Селото заживува во чест на празникот, а се организираат и игранки. Манастирот се одржува со средства од верниците, но и од иселеници од овие краишта. Нашите иселеници го темпираат времето да дојдат во родниот крај баш на празникот, бидејќи многу им значи, вели Анита Главевска, жител на Буково. Сместен во живописен предел на околу 2 км над селото Буково, на доминантна височинка опкружена со густа шума, до манастирот се доаѓа од правецот на селото Буково, но можно е да се пристигне и од селото Крстоар по тесниот асфалтен пат кој поминува покрај Крстоарскиот манастир. 1000004469

Манастирската црква е изградена во 1837 година, во центарот на оградениот манастирски двор. Над западниот влез е издлабен натпис, кој ни ја кажува годината на изградба.

Комплексот се состои од манастирска црква, порта, конаци со кујна и трпезарија, камбанарија и помошни објекти. Од архитектонски поглед црквата претставува комбинација меѓу трикорабна базилика и впишан крст со купола, која се издига во централниот дел на храмот. Влезовите се на јужната, западната и северната страна.

Во дворот на црквата е камбанаријата со една камбана. Околу црквата, се наоѓаат манастирските соби. Манастирот денес го одржува локалното население, кој поради близината до Битола, чистиот воздух и живописната природа, е една од омилените локации за пикник на битолчани.  1000004466 1000004466 Анета Блажевска за Зелена берза 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани