
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола извести - На 22.08.2025 во 21:40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Р.(30) од с.Лера, битолско. Тој се сомничи дека претходно во пекарница во Битола со остар предмет го нападнал и нанел повреди на И.Л.(25) од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, по што со употреба на сила ја внел во возило и неговата поранешна 23-годишна сопруга и физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од битолската полиција.