
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола добива нов булевраски влез од страната на Прилеп, а завршена е првата третина од инфраструктурата, објави денеска градоначалникот Тони Коњановски. - Битола во изминатиот четири годишен период е навистина едно огромно градилиште. Не е повеќе ,,слепо црево" како во минатото. Влезот во Битола го правиме, едно велелепно булеварско решение, првата третина е веќе при завршување првите 800 метри, булеварско решение со сите стандарди, со комплетна инфраструктура со пешачки патеки, со велосипедски патеки, градот веќе има сосема друг лик и во тој однос, објави Коњановски.