
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пожар денеска зафати два објекти во населбата Буковски ливади во Битола. - Покрај силното невреме проследено со силен ветер и краток дожд кој ја зафати Битола, во 15:55ч. примена е дојава за запалена трева и два објекти во населбата Буковски ливади каде екипите на ТППЕ Битола веднаш излегоа на терен со 4 возила и 14 пожарникари. Пожарот кој се ширеше многу брзо и неконтролирано е локализиран и е под целосна контрола на екипите на ТППЕ БИТОЛА. Брзото реагирање на единицата спречи пожарот да ги зафати и другите објекти., објавија од битолската противпожарна единица.