2win800x200

Соопштение од Водовод Битола - поради намален капацитет на вода има прекинато или отежнато водоснабдување

Септември 03, 2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ

 
Ве информираме дека моментално се соочуваме со голема потрошувачка на сирова вода, поради што дел од корисниците во неколку делови од градот имаат прекинато или отежнато водоснабдување.
 
Сакаме да нагласиме дека не се работи за рестрикции, туку за последица од намалениот капацитет на вода. Најмногу е погодено водоснабдувањето во високите деловите од ниската зона.
 
Апелираме до станарите од висококатниците да ги стават во функција своите хидрофорски постројки, со цел да се обезбеди подобро и постабилно водоснабдување.
 
Повторно упатуваме апел до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата.
 
Ви благодариме на разбирањето.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани