АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР ПАМЕР ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА
Во работна посета на општина Битола престојуваше амбасадорот на Австрија, н.е. Мартин Памер.
На средбата со градоначалникот Тони Коњановски, разговараа за континуираната соработка на двете земји во повеќе области.
Градоначалникот Коњановски истакна дека зголемената соработка, може да даде уште поголеми резултати во локалната економија и растот на Пелагонискиот регион.
Амбасадорот Памер ги потенцираше културно-историските вредноси на Битола, како значаен сегмент за промоција на градот.