
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Националниот парк Пелистер Битола известува дека се расчистуваат остатоците од објектот „Ловечка “ кој беше зафатен со пожар за да за скоро време се почне со изградба на нов објект кој ќе служи за противпожарна заштита и други намени.
-Почитувани битолчани, планинари, љубители на планината и природата, Со задоволство ве известуваме дека на локација позната под името „Ловечка" на 2000мнв во тек се активности за рушење на објект кој беше опожарен во ноември 2021година. Годините наназад опожарениот објект претставуваше ризик по безбедноста на сите минувачи и честопати од несовесните посетители на Пелистер се користеше како место за одлагање на отпад. Превземените активности се во насока на безбедност на посетителите на НП Пелистер и во насока на заштита на природата. На истата локација во скоро време ќе се започни со изградба на нов објект кој ќе служи за противпожарна заштита, видео мониторинг на видови и поставување на метеоролошка станица. Новиот објект исто така ќе функционира и како модерен шелтер за сите посетители на НП Пелистер.