2win800x200

На Пелистер - Поставено ново челично јаже на патеката Камењар

Септември 22, 2025

Ново челично јаже со вкупна должина од 90 метри е поставено на патеката Камењар(Rocky trail). Новото челично јаже е поставено на повеќе секции на патеката на потегот Видиковец(2000мнв) - Врв Стив(2468мнв). Со поставувањето на челичното јаже, во голема мера се зголемува безбедноста и брзината на движење на планинарите. Патеката Камењар е една од најубавите и најживописни планински патеки во Македонија, информираат од НП Пелистер Битола. -Стартна точка на оваа патека е паркингот пред Хотел Молика(1430мнв) од каде патеката не води до Копанки, а понатаму по североисточниот и северниот раб на Баба планина преку Врв Стив и Врв Илинден(2540мнв), стигнуваме до Врв Пелистер(2601мнв). После Видиковец во зона над 2000мнв во текот на движењето по оваа патека ги имаме едни од најубавите погледи на околината. На југ и запад го гледаме Преспанското Езеро и делови на соседна Грција(се до Олимп) и Албанија, на север Солунска глава, и на исток кога имаме добри временски услови, погледот позади Врв Кајмакчалан допира се до Рила и Пирин во соседна Бугарија. Патеката е со вкупна должина од 8km, а се совладува висина од 1210 метри.1000006310

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани