ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола возврати на Фејсбук соопштението на СДСМ околу отворањето на кујната за топол оброк за вработените во РЕК Битола. ОК на ВМРО ДПМНЕ сподели фотографија на која е бегалецот од правдата екс директорот на РЕК Битола и на АД ЕСМ, Васко Ковчевски обвинет за тежок криминал во државната компанија, а на фотографијата е и претседателот на ОО на СДСМ Методија Куновски вработен во РЕК Битола во времето на Ковачевски. Куновски сега е кандидат за градоначалник на Битола. Реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Битола ви ја пренесуваме во целост. Како станува поблизок официјалниот старт на кампањата за локалните избори СДС, односно распадната новинарска редакција на Куновски се' повеќе преминува во жолт печат од најдолен вид.
Жално е што кандидатот на некогаш “државотворната” партија - како што милуваа да се нарекуваат од СДС никако не успева да се издвои од останатите кандидати за градоначалници и необјасниво е зошто и натаму се однесува како "маалски измислувач" на приказни.
Методија имаше доволно време - кое го пропушти да им одговори на граѓаните.
Каде е неговиот шеф Васко Ковачевски?
Имаше можност барем морално и човечки да се огради од епскиот милионски криминал направен во ЕСМ и РЕК Битола. Нема никој да заборави дека токму тој буквално му “слугуваше” на Васко Ковачевски.
Седум години покрај милионерски тендераши, Вие “господо” од распадната новинарска редакција - со назнака жолт печат, сте и најголемите непријатели на битолчани и на животната средина.
Седум години со користењето на сомнителен по квалитет јаглен а за вашите полни банкарски сметки, недвижни имоти и белосветски бегства против битолчани.
Жителите на битолско го плаќаат со сопственото и што е најстрашно со здравјето на своите деца.
Јавноста знае дека ВМРО ДПМНЕ, оваа Влада, раководството на ЕСМ и РЕК Битола прават од почетокот огромни напори да се санираат сите наследени хаварии и состојбата да биде нормализирана.
Да, во тоа и успеваат и секој поминат ден е доказ дека може да се работи и да биде поинаку - да биде подобро за СИТЕ.
Почитуван кандидат Куновски, знаете дека првото правило е: не и останувајте должни со одговори, но и не ја лажете јавноста!!!
Тоа е НЕДОЗВОЛИВО и НЕВОСПИТАНО!, објваија од ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола