2win800x200

Кога Холивуд го шета Широк Сокак - Воли Фистер во Битола

Септември 24, 2025

Воли Фистер, американски оскаровец го прошета Широк Сокак. 

Синоќа, низ Широк Сокак тивко и ненаметливо помина човекот што стои зад највизуелните, најдлабоките и највлијателните филмски кадри на 21-от век. Воли Фистер  – добитник на Оскар за кинематографија за филмот Inception, соработник и визуелен мозок зад скоро сите филмови на Кристофер Нолан, од Memento, преку The Prestige, до The Dark Knight и Interstellar.  1000006390
- Зошто значи толку многу што вакви величини доаѓаат во Битола?
   •   Затоа што покажува дека овој фестивал ја надминува географијата.
   •   Затоа што една фестивалска недела ги брише границите меѓу Холивуд и…Битола.
   •   Затоа што кога Wally Pfister и други светски имиња се овде – тоа значи дека го гледаат она за што можеби многумина од нас не се свесни: дека Битола е скапоцен кадар на картата на светската кинематографија, објавија од Фестивалот.  1000006392
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани