2win800x200

Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ ќе се одржи на 30 септември во Битола

Септември 25, 2025

Манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Здружение за едукација на земјоделците „Зелена берза“ - Битола продолжува да живее!

Македонската храна и автентичните вкусови за овие простори споени во нашата традицијата продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација, а во тоа свој значаен удел има  манифестацијата „Незаменливиот вкус на традицијата“.

„Зелена берза“ како организатор на настанот ве поканува на 30 септември (вторник) во 13 часот на саемот за храна во Битола, во ресторанот УТОПИА во Битола на улица „Индустриска“ бб.

Со оваа манифестација се дава придонес во зачувувањето на нашите традиционални вредности од заборав. Учесници се производители на храна и преработка на земјоделски производи.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

лице

опачина

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани