2win800x200

Битола - почнуваат активности за изградба на прочистителна станица

Септември 25, 2025
Општина Битола извести дека во Министерството за животна средина и просторно планирање, се одржа првиот состанок на Управувачкиот Комитет кој ја следи реализацијата на проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води и реконструкција на канализационата мрежа во Битола.
Управувачкиот Комитет на проектот го сочинуваат претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, општина Битола, Јавното претпријатие „Нискоградба“, Министерство за финансии и Делегацијата на ЕУ.
На состанокот беа презентирани тековниот статус и напредокот на проектот, кој во моментот е во фаза на идеен проект за пречистителната станица кој веќе е и доставен од страна на Изведувачот до Надзорот. Се разговараше за предизвиците кои стојат пред проектот во наредната фаза, како што се Основниот проект, организацијата на градилиштето, мобилизацијата, безбедносни прашања на градилиштето, како и квалитетот на работата.
Следните активности за периодот кој следи вклучуваат интензивирање на работите околу проектирањето и подобра координација меѓу сите засегнати страни.
Овој проект е важен чекор за подобрување на животната средина, третманот на отпадните води и инфраструктурата во општината Битола.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани