2win800x200

НП Пелистер најавува симулациско показна вежба за справување со пожар на отворено

Септември 29, 2025

На ден 6.10.2025 ЈУНП Пелистер во соработка со Општина Битола и институциите кои се дел од системот за управување со кризи ќе организираат Симулациско - показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери. Вежбата ќе биде организирана на локално и регионално ниво.

Цели на вежбата ќе бидат: 
 
- справување со пожар на отворен простор
- увежбување на општинскиот штаб за заштита и спасување
- целосна операционализација на инцидент - команд системот
- организирање и вршење на евакуација на население, давање тријажа и прва помош на повредени
- увежбување на институционална кохезија, внатрешна и надворешна комуникација и координација помеѓу институциите 
 
Вежбата ќе се реализира на локација на превој Ѓавато со почеток во 12:00 часот
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани