2win800x200

Иван Чулакоски преживеал срцев удар и јавно и' се заблагодари на д-р Ненси Лозанче

Септември 28, 2025

Советникот од ПОИНАКУ, Иван Чулакоски преживеал срцев удар на Одделот за интервентна кардиологија  во Битолската клиничка болница, информацијата ја објави јавно на својот Фејсбук профил и посебно и' се заблагодари на д-р Ненси Лозанче, субспецијалист по интервентна кардиологија во битолската болница. Чулакоски напиша - моето срце избра да продолжи!  -  Животот знае да нè изненади со удари кои не ги очекуваме. Срцевиот удар е токму таков момент – страшен, болен и непредвидлив. Но токму тогаш, кога мислиш дека силата те напуштила, во тебе се буди најголемата храброст.

 
Преживувањето не е случајност – тоа е доказ дека моето срце избра да продолжи. Секој нов ден после тоа е подарок. Секој здив е потсетник дека животот е драгоцен.
 
Не сум слаб зашто паднав, туку силен зашто се кренав. Од сега па натаму, секоја секунда е моја шанса за подобар јас. 
 
Би сакал јавно да се заблагодарам на тимот  од битолската болница, а посебно до директорката Ненси Лозанче за професионалноста и несебичноста да ме врати во живот, пишува во објавата на советникот Чулакоски.  На одделот за Интервентна кардиологија во Битолската болница досега се направени преку 3.000 интервенции кај пациенти, но ретко кој од пациентите имал храброст јавно да објави за здравствената состојба и воедно да се заблагодари на интервентните кардиолози под раководство на д-р Ненси Лозанче. 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани