2win800x200

Најдобрите просветни работници од Битола - Со завршени студии на Педагошки факултет во Битола

Октомври 07, 2025

НАЈДОБРИ ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ ОД БИТОЛА – СИТЕ СО ЗАВРШЕНИ СТУДИИ НА ПЕДАГОШКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

ПРЕПОЗНАЕНИ СО НИВНИОТ ТРУД И ЗНАЕЊЕ ОД СОЈУЗОТ НА ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ НА РС МАКЕДОНИЈА

Образованието на Педагошкиот факултет во Битола е темелот на мојата професионална приказна и љубовта кон учителската професија, започната во 1993 година на Педагошката академија. Секој чекор и секоја научена лекција ме водеше да станам наставник ментор во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, носител на бројни признанија, меѓу кои „Најдобар просветен работник на Македонија 2024/25“, Едуино Амбасадор и најдобар наставник во регионот – ANNEX YU,  автор на прирачници за наставници, вежбанки  за ученици, национален обучувач и соработник на БРО.

Учев од најдобрите професори и наставници, за и самата да бидам инспирација за другите.

Наташа Тодоровска – одделенски наставник ментор во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола  


Моето образование и професионален развој започнаа во Битола, на Високата педагошка академија, каде што го завршив средното образование – просветна струка. Продолжив на Вишата педагошка академија и завршив со звање одделенски наставник. Но, не застанав тука, образованието го заокружив на Педагошкиот факултет – Битола, како прва генерација дипломирани учители.

Нашата мисија како наставници е да им помогнеме на учениците да ги остварат своите соништа и да ја изградат својата иднина и кариера. Педагошкиот факултет – Битола достојно ја извршува таа задача, мене лично ми помогна да ја реализирам својата животна цел – работа со деца. И денес продолжува да биде моја поддршка преку организирање конференции, обуки, семинари и работилници за постојано стручно усовршување и унапредување на наставничкиот кадар.

Весна Гагаловска – одделенски наставник во ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола

 

Професорки1 1200x1200


Моето видување за учителството

Зошто станав учителка?

Мојата душа одамна носи енергија на водство и знаење. Ја избрав професијата учителка, не само како работа, туку како повик. Тоа е начин на кој моето срце учи преку другите, секое дете ми е огледало, секоја лекција е порака и за мене.

Учителството за мене е мисија, внесувам светлина таму каде што има незнаење, потсетувам дека знаењето е сила и оставам траги во срцата, не само во тетратките.

Ја избрав оваа патека бидејќи токму преку учениците јас растам и се издигнувам. Јас сум учителка за да бидам светилка – некој што им покажува на децата дека има смисла и надеж. Во мојата природа е да негувам и создадам. Учителството ми овозможува да гледам како нешто што сум посеала расте.

Јас сум чувар на рамнотежата, им покажувам на младите што е правилно и како да ја препознаваат вистината. Јас сум учителка за да внесувам светлина, да негувам иднини и да бидам пример за праведност.

Зошто Педагошки факултет?

Студентите што влегуваат во Педагошкиот факултет не добиваат само диплома. Тие добиваат светлина што ја носат понатаму. Факултетот е алатка, но вистинската добивка е внатрешната промена – зрелост, мудрост и чувство на мисија.

Да резимирам, студентите добиваат многу повеќе од образование, тие добиваат идентитет и мисија.

Иднината на моето учителство!

Учителството ми донесе нови насоки, нови почетоци и позитивни промени. Ќе почувствувам благодарност од ученици и од заедницата. Ќе имам моменти на вистинска радост. Со тек на време ќе станам не само учителка, туку и мудра водилка. Учителството остана столб во мојот живот. Ќе се менува формата, но суштината ќе биде иста – да внесувам светлина и мудрост.

Гордана Угриновска – одделенски наставник во „Елпида Караманди“ – Битола


Стекнувањето на знаења за професијата која ја работам беше процес што траеше цели осум години на Педагошкиот факултет во Битола.

Имено, бев студент на двете студиски групи (предучилишно воспитание и одделенска настава) на Педагошката академија, а потоа со формирањето на Педагошкиот факултет имав среќа и можност веднаш да ги  продолжам своите студии и да го оформам моето високо образование.  Знаењето го надоградував и збогатував со нови современи трендови на педагошките науки што создаде навика кај мене постојано да работам на својот личен и професионален развој. Ангажираноста на професорите, желбата и умешноста да пренесат знаење на студентите ми помогнаа да ја стекнам основата на учителската професија и да станам професионалец во својата работа.

Вработена сум како воспитувач ментор во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола, воспитувач за колегијална поддршка, обучувач на Хајделберг  институтот во Скопје и др., автор и коавтор на стручни трудови, автор и коавтор  на прирачници за деца, соработник со издавачки куќи, рецензент на неколку прирачници, стручна литература и литература за деца од повеќе автори.

Татјана Грегова – воспитувач ментор во ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – Битола

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани