2win800x200

Борче Димитровски до кочничарите на Битола - Ова на сликата е Битола, не е Виена!

Октомври 06, 2025

Преку Фејсбук статус Борче Димитровски, секретар на Општина Битола го вперува прстот во поединци кои  закочија низа на европски проекти важни за Битола. Димитровски вели дека  иронијата е голема кога кочничарите на Битола кажуваат колку го сакаат градот.   - Додека едни од петни жили блокираа проекти за развој на градот, ние работевме посветено за Битола да ни биде поубава! 

 
 НЕ за вело патеки 
 НЕ за спортски комплекс 
НЕ за 1 милион евра на Европска Инвестициона Банка за обнова на водоводна и канализациона мрежа во градот и селата 
НЕ за Зимска приказна и Битфест 
НЕ за училишни спортски сали и 24 спортски игралишта 
НЕ за реконструкција на стадионот 
НЕ за нови паркинзи 
НЕ за изградба и реконстукција на улици во градот и руралните средини 
 НЕ за адаптација на објект во училиште во населба Буковски ливади 
 НЕ за развој на јавните претпријатија 
 
Листата на блокирани проекти е долга, а нема поголема иронија кога сега тие ИСТИТЕ ни кажуваат колку многу го сакаат градот…
 
-Да, тој што работи и греши, но и знае да ги реши проблемите, за разлика од некој друг, а граѓаните се мудри и ќе ја направат разликата овој октомври!, пишува накрај Димитровски и објавува фотографија од Широк Сокак  -.  
Ова на сликата е Битола, не е Виена! 
 1000007204
(Фотографија на Стојан Стојаноски)
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани