2win800x200

Денеска на превојот Ѓавато - симулациско показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери

Октомври 06, 2025

Националниот парк „Пелистер“ денеска, во соработка со Општина Битола и институциите што се дел од системот за управување со кризи, организираат симулациско - показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери. Вежбата беше организирана на локално и на регионално ниво, на превојот Ѓавато, со почеток во 12:00 часот.

Целта на вежбата беше: справување со пожар на отворен простор; увежбување на општинскиот штаб за заштита и спасување; целосна операционализација на инцидентот – команд-системот; организирање и вршење евакуација на населението; давање тријажа и прва помош на повредените, како и увежбување институционална кохезија, внатрешна и надворешна комуникација и координација меѓу институциите.

-Денес присуствував на симулациско-показна вежба на Ѓавато, во организација на Национален парк Пелистер и институциите од системот за управување со кризи, ЦУК И ДЗС, а со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, се спроведе симулациско-показна вежба за справување со пожар на отворен простор од пошироки размери.

Целта беше унапредување на подготвеноста за дејствување во случај на пожари, евакуација и прва помош, како и подобрување на координацијата и комуникацијата меѓу сите институции вклучени во системот за заштита и спасување.
Како градоначалник ја поздравував оваа иницијатива и ја истакнав важноста од подготвеноста и навремена реакција која придонесува за зголемена безбедност и подобра заштита на нашите граѓани и природата, изјави градоначалникот Тони Коњановски. 
559115032 850209444190681 8274690882923254051 n
557730835 850209414190684 8189755880903307178 n
557724647 850209300857362 2660630207640120112 n
514267603 850209497524009 8243996331293417179 n
558870963 850209554190670 6422424805457386989 n
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани