2win800x200

Завршната конференција на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“ имплементиран од ГАУС Институтот

Октомври 03, 2025
Во киното „Манаки“ во Битола се одржа Завршната конференција на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“ имплементиран од ГАУС Институтот - Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење од Битола, во партнерство со Фондацијата „100 проценти од обновливи извори" од Берлин, Германија.
На завршната конференција беше презентирана физибилити студија за пренамена на изворот на енергија за системот за централно греење во Битолскиот регион во обновливи извори на енергија.
Во контекст на националните и европските заложби за декарбонизација, проектот претставува директен и стратешки одговор на предизвикот за праведна енергетска транзиција. Централен елемент на оваа транзиција е изградбата на новиот систем за централно греење (ЦГ) – клучна инфраструктурна инвестиција која отвора можност за системско, а не индивидуално, решавање на проблемот со греењето и аерозагадувањето.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани