
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 22 до 26 2025 година во СОУ „Таки Даскало“ Битола се одржа активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „Единствени и активни“ во кој училиштето е еден од партнерите.
Овој проект се реализира во рамките на програмата Ерасмус плус, која е водечка програма на Европската комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
На активноста присуствуваа 26 ученици и 12 наставници од останатите партнерски училишта во проектот: Средно училиште „Христо Ботев”, од Враца, Бугарија, I.I.S.S. „S. Trinchese” од Мартано, Италија, Agrupamento de Escolas de Nisa од Ниса, Португалија, Srednja skola Isidora Krsnjavoga од Нашице, Хрватска и Trysil videregaaende skole, од Трисил, Норвешка. Сите гостински ученици беа сместени во домовите на нашите ученици.
-Главна цел на проектот е зголемување на благосостојбата на учениците на училиште преку часови со физичка активност по одредени училишни предмети. Тој се фокусира на употребата на дигитални алатки и технологија во текот на целиот процес, притоа почитувајќи ја природата на секој предмет. Активноста во Македонија беше фокусирана на програмирањето и физичките активности: предавања, работилници, експериментирање. Потоа стекнување на вештини и методи релевантни во изучувањето на програмирањето и воспоставување врски со физички активности за подобрување на вклученоста, интересот и концентрацијата за време на час. Преку различни спортски активности се учеше англиски и се развиваа комуникациски вештини во реални ситуации, објавија од СОУ „Таки Даскало“ Битола .
Како домаќини од Гимназијата меѓудругото организираа низа активности:
– Посета на музејот во Битола
– Посета на историските и културните места во Битола
– Посета на античкиот град Хераклеја Линкестис
– посета на Охрид, град на светското наследство на УНЕСКО
– активности на отворено во Националниот парк Пелистер
Тимот од СОУ Таки Даскало го сочинуваа Тома Црнец IV-11, Ева Чагорска III-11, Анастасија Чагорска III-11, Антонио Трајковски III-11, Димитар Чалевски III-11, Марко Ристески III-11, Андреј Јошев III-11, Симона Николовска III-11, Сара Топаловска III-11, Јана Темелкова III-11, Илина Автаровска III-11, Симона Макриевска III-11, Јована Петровска III-11, Ана Ноческа III-11, Марија Котевска III-11, Аурора Де Ангелис III-10, Илијана Најдовска III-10, Јована Марковска II-11, Стефан Петровски II-11, Христијан Пишмановски II-11, Михаил Димитровски II-11, Марко Савиќ II-11, Дарко Стефановски II-11, Теона Петровска II-11 и Теодор Торневски II-10, како и професорите Гордана Јордева, координатор, Тања Чагорска, Марија Младеновска Димитровска, Петар Ѓоргиевски, Весна Мундишевска Велјановска и Никола Ѓелевски.