2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ученици од гимназијата „Таки Даскало“ во Франција учеа што е одржливо живеење и што значи да се биде активен граѓанин

Декември 22, 2018

Во меѓународен проект заедно  со наставници и ученици од Норвешка, Финска, Италија, Франција и Германија, наши професори и гимназијалци од  СОУ„Таки Даскало“ од Битола учат што е одржливост и што значи да се биде активен граѓанин. Стекнатите искуства оваа недела беа претставени на презентација во Гимназијата.

Гордана Јордева, наставник и координатор на проектот вели дека во заедничкиот меѓународен проект целта е нашите млади да научат што е одржливо живеење на локално ниво наспроти  глобализацијата во светски рамки.

 

- Цел на проектот е учениците да научат што е одржливо живеење и што значи да се биде активен граѓанин во нивната локална заедница. Оваа активност беше фокусирана на стекнување на знаења и практични искуства за поимот одржлив развој. Неколку релевантни претставници од локалната и регионалната власт одржаа предавања и дебати на оваа тема. Училиштето-домаќин за учениците организираше работилници за креирање на постери и презентации на истата тема. Исто така, беа организирани екскурзии на кои се посетија градовите Епинал, кој е збратимен со Битола и Стразбур. Во Стразбур го посетивме Европскиот парламент и имавме можност да присуствуваме на пленарна сесија на Парламентот, изјави Јордева, наставник и координатор на проектот.

Од 11 до 18 ноември 2018 година во Ремиремонт, Франција, наставниците  и учениците  од СОУ „Таки Даскало“- Битола учествуваа на т.н. активност за учење, настава и обука во рамките на меѓународниот проект „Одржливо живеење – Активни граѓани“.
Домаќин на оваа активност беше партнерското училиште Ensemble Scolaire Jeanne d'Arc + St Joseph од Ремиремонт, Франција. Овој проект се реализира во рамките на прогрaмата Еразмус плус, која е водечка програма на Европската комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот.
На активноста присуствуваа и ученици и наставници од останатите партнерски училишта во проектот, Trysil videregaaende skole од Трисил, Норвешка, Adam-Josef-Cüppers-Berufskolleg од Ратинген, Германија, Muhoksen lukio од Мухос, Финска, како и IISS Francesco De Sanctis Sant'Angelo dei Lombardi од Сант Анџело деи Ломбарди, Италија.

Тимот од СОУ „Таки Даскало“  го сочинуваа учениците Стефанија Наумовска и Никола Прчков од втора година и Мартин Кочанковски од трета година, како и професорките Гордана Јордева, професор по информатика и Валентина Богојовска, професор по англиски јазик.

 Меѓународните образовни програми успешно неколку години назад се имплементираат во СОУ„Таки Даскало“ – Битола , вели Елизабета Наумовска, директор на СОУ„Таки Даскало“ - Битола.

-Нашето училиште извесен период наназад  успешно имплементира низа образовани проекти    во рамките на програмата „Еразмус +“. Наставници и ученици од ова училиште посетиле низа други држави од Европската унија да се запознаат  со системите на учење и начинот како функционираат училиштата таму и сето тоа преку различни проекти, воспоставувајќи тесна соработка со ученици и наставници од други држави. Накрај реализираме презентации за она што сме постигнале, што сме научиле  и што треба во иднина да правиме, изјави Елизабета Наумовска, директор на СОУ„Таки Даскало“ - Битола.

Проектот е со финансиска конструкција од 40 илјади евра.

49049869 222671791959538 7982981732263526400 n

49029549 2300316630201246 6342406286499381248 n

48999428 947832058760031 4327286018664300544 n

48381590 320159655504076 8961743738946715648 n

 48423021 298600807449864 1097213493855125504 n48375759 600822953684074 551114694295814144 n

48411070 220923885501646 4313970546304876544 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани