2win800x200

Голема полициска акција во Битола: Уапсен еден од најмоќните бизнисмени поврзан со РЕК Битола, објавува Прес 24

Октомври 09, 2025

Најмалку едно лице е приведено утрово под сомнение за местење на тендери тешки стотици милиони денари во РЕК Битола, неофицијално дознава press24.mk од свои извори
Според неофицијалните информации, во акцијата на Финансиската полиција приведен е конзул на странска држава кој сопственички се поврзува со компанија во Битола која била ангажирана за ископи во РЕК Битола.
Неофицијално тој е под сомнение за малверзации со тендер од 100 милиони денари.
Името на неговата компанија беше посочувано како едно од најомилените на минатата влада кога станува збор за ангажмани во РЕК Битола.
Политичките партии на прес конференции обвинуваа дека оваа фирма ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола.
Според тогаш објавените информации, оваа компанија за само две години инкасирала 200 милиони евра од тендери.
До овој момент нема официјална потврда за оваа акција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани