
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Порталот plusinfo.mk неофицијално дознава дека е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола, компанија која повеќе од две децении е активна во градежниот сектор, но стана најпозната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.
Според медиумот неофицијално, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони е вра од државниот буџет.
„Марковски компани“ беше една од најомилените на минатата влада. Соевремено, на прес-конференција беше објавено дека омилената фирма на власта ќе заработува 63.000 евра дневно, со само 10 булдожери во РЕК Битола.
Власта на СДСМ и на ДУИ ангажирала приватни булдужери, кои граѓаните ќе ги чинат над 16.000 денари за само еден час работа. Спорниот договор чини неверојатни 16.253 денари по час и значи дека „Марковски компани“ за само еден ден од РЕК Битола ќе наплаќа 6.300 евра за еден булдожер.