АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За проекти што ќе се имплементираат во селските средини во Пелагонија, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на Министерството за земјоделие ќе вложи близу 6 милиони денари.
-Нови проекти за Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, преку кои ќе се унапреди земјоделството и руралниот развој во регионот.
Во рамките на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој , Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка на МЗШВ во руралните средини на Пелагониските општини ќе имплементира проекти со вкупна вредност од 5 855 968 денари.
Целта на проектите е да се олесни пристапот до обработливите површини, како и да се зголеми и олесни производството на земјоделски производи, изјави Гого Видимче , директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.