АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Невладината организација "Еко жена" од Битола, по повод претстојните Новогодишни празници, за штитениците од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух "Кочо Рацин", донираше андроид бокс и 60 пара чорапи.
Донацијата денеска во оваа установа ја предадоа членките на "Еко Жена".
Ова граѓанско здружение кое се финансира исклучиво од членарината на околу 70 активистки, претежно пензионерки, покрај основната определба за заштита на животната средина, има и хуманитарни активности, а нивните донации се насочени за маргинализираните групи- лицата со попреченост, социјално загрозени семејства, деца без родители итн. Најчесто нивните хуманитарни активности ги организираат за празници, со цел и овие лица да ја почувствуваат празничната атмосфера.
Од "Еко жена", чиј претседател е Љупка Балојани, најавуваат дека нивните хуманитарни акции ќе продолжат и во иднина