2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Мобилни станици Airly за мерење на аерозагадувањето поставени во Битола

Декември 19, 2018

Граѓанската иницијатива  БИСТА денеска објави дека  независната платформа на Аirly мрежата од мобилни мерни станици за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух е веќе инсталирана во Битола.

-Присуството на Airly во Битола е плод на нашите заложби во изминатиот период за поставување на вакви станици со цел да се добие реална слика за аерозагадувањето во реално време. Сензорот кој е поставен во центарот на градот е обезбеден од наша страна и е производство на полската компанија Airly за чиешто одржување во мрежата ќе се грижиме сите ние кои сакаме да ги користиме податоците на платформата, вели Драган Вељанов од БИСТА.

Податоците за параметрите кои ги мери овој сензор се веќе достапни на платформата и секој  може да ги погледне со инсталирање на мобилната апликација "Airly" со  бесплатно  симнување  од Google Play или Play Store. Со инсталирањето на апликацијата  во било кое време од денот се добива  реален увид во аерозагадувањето кое се мери во реално време.

-Целта е во иднина да обезбедиме уште минимум 4 станици како би можеле да направиме мрежа од повеќе локации во Битола и на тој начин да добиеме една добра претстава за квалитетот на амбиенталниот воздух. Овие станици треба да бидат дополнение на постоечките 2 државни мерни станици и да се зголеми капацитетот на уредите кои ги мерат параметрите на аерозагадувањето. Се надеваме дека оваа наша акција ќе наиде на разбирање и поддршка од сите оние кои искрено сакаат да дадат свој придонес во борбата со загадениот воздух., вели Вељанов.

Од БИСТА  најавуваат дека наскоро ќе информираат  за донаторската акција на која ќе иницираат собирање на средства во висина од 5.000 € кои ќе бидат потребни за дополнителните мерни станици

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани