АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Новите трендови во образованието на светско, глобално ниво, посебно во новото време во услови на пандемија бараат многу брзо прилагодување на образовниот систем кон дигитализација, демокрартизација и поставување на ученикот во поинаков фокус, не како апсорбирач на знаење, туку да ги научиме како да учат во училиштето, рече Елизабета Наумовска, директорка на Државен испитен центар на јавната дискусија што се одржа во Битола на тема „Образовните реформи во Северна Македонија – зошто сега?“ во организација на Прогрес инситутот за социјална демократија.
„ Наставникот треба да добие нова менаџерска улога, училиштата и локалните самоуправи како надлежни за работа на училиштата се оние првите повикани кои треба сите нови трендови во образованието, новата концепција за основно образоание, реформите кои се случуваат во средното образование, посебно во средното стручно образование да ги имплементирааат во училиштата. Целта е добивање на ученици со висок квалитет на знаење кои ќе бидат конкурентни на сите меѓународни тестирања и мерења на резултатите од учење“, рече Наумовска.
На настанот се обратија д-р Сашо Додовски, претседател на Прогрес Институт за социјална демократија, градоначалничката Наташа Петровска и Мико Лаконен, советник за образовни политики
„Современите технолошки развојни компоненти којшто се случуваат на глобално ниво на планетата Земја, а се дел од сите други сегменти на општествено делување, е нешто што и тоа како треба да биде следено и во делот на образовните институции. Не смееме да заборавиме дека сето ова што се прави како промена апсолутно не е во функција на било што друго, освен на олеснување на можностите на учениците да ги совладуваат наставните содржини, давање на алтернативи повеќе, затоа што кога имате повеќе алтернативи тогаш имате можност да имате персонализиран пристап кон самиот ученик и можност за индивидуален развој “, изјави градоначалничката на Општина Битола, Петровска.