2win800x200

Неумесно е да коментирам демократски процеси загарантирани со закон и устав , рече Царовска за референдумот против дигитални учебници

Јуни 09, 2021

Коментирање на демократски процеси загарантирани со закон и устав, од страна на министер се ништо повеќе од неумесни што значи нема да коментирам, рече министерката за образование Мила Царовска запрашана  како ги коментира изјавите на иницијативата  ,,Настава и учебници мора да има" дека доколку биде успешен референдумот, а власта тоа го игнорира на есен ќе има бојкот на наставата. 

 
,,Моја обврска е да одговорам до каде се реформите во образованието. Сите процеси зацртани согласно планот за реализација на новата концепција за основно образование се спроведуваат во дадените рокови. Концепцијата е донсесена. Наставните програми  за прво одделение се донесени и објавени, исто и за четврто одделение. Повик за пишување на наставни материјали за прво одделение подготвени за прва тема и следуваат другите теми, значи оди цел систем на илустратори , автори за да може да влезат во печатење. Истото се однесува и за четврто одделение. Селекцијата на автори беше направена, а повиците за компании кои треба да ги дигитализираат дел од содржините е јавно достапен и селекцијата треба да се случи. Целиот тој процес во текот на летото да биде подготвен и во септември со нов концепт за прво и четврто одделение да ја стартуваме учебната година", рече Царовска. 
 
Таа додаде дека има  и повик за компании кои ќе работат на ниво на цела држава за обновување на кабинетите за приридни науки, во кои  немало инвестиции години наназад.
 
,,.Тоа ќе започне во септември, а до крајот на декември ќе ги имаме опремени сите училишта со кабинети, витрини, зависно од големината на училиштето и потребите", рече министерката. 
 
Дали учениците ќе се вратат во училиштата со физичка настава наесен, Царовска рече дека ќе зависи од здравствената состојба. Во однос на свидетелствара напомена дека се бесплатни и да не им се бараат пари на учениците по училиптата за нивна набавка и печатење. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани