АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Оваа учебна година матурантите ќе полагаат матура, па до крајот на ноември треба да изберат проектна задача, а до крајот на следниот месец предмети кои ќе ги полагаат, порача министерката за образование Мила Царовска денес од Битола.
„Да ги поттикнам учениците до крајот на ноември да изберат проектна задача за матурата која ќе се случува оваа учебна година и до крајот на наредниот месец да изберат премети кои ќе сакаат да ги полагаат за матурата. Не сакаме пандемијата да предизвика застој во развојот на нашите ученици кои се нашата иднина токму затоа согласно законските рокови матурата ќе се изврши наредната година. Истата пракса се случуваше во сите земји од регионот и Европа и минатата година, а оваа година ќе се случи и кај нас зашто не сакаме да бидеме исклучок во одредени негативни пракси. Матурата е значајна за утврдување на знаењата, но и за понатамошниот развој на нашите млади граѓани од кои очекуваме понатаму да ја водат држава и економските развој“, рече министерката Царовска.
Инаку, првото полугодие завршува на Нова година, а второто започнува на 21 јануари.