
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Започна зафатот за изведба на голем хотелски комплекс во Битола насловена - „АТИК Премиум“. Комплекст е лоциран на стотина метри од Широк Сокак, непосредно до Градскиот парк, Музејот на град Битола, Градскиот стадион, Шеталиштето и најмодерната населба на Битола лоцирана во поранешната касарна - Златен рид. Хотелскиот комплекс всушност е во реон со нови станбени објекти, трговски центри, како и други објекти од јавно и комерцијално значење што ја прави најелитна населба во градот.
Хотелскиот комплекс ќе биде со поглед на Тумбе Кафе, односно локација која носи историска приказана помеѓу Отоманската империја и Модерна Турција.
Во Битола започна првата фаза на градежни активности од комплексот кој претставува најголем по површина во регионот од ваков тип. Инвестицијата ќе биде со капацитет за повеќе намени а ќе содржи 71 двокреветни луксузно опремени апартмани, 30 дуплекс и триплекс мега апартмани, трговски објект на близу 4000 квадратни метри. Големо казино, луксузен ресторан, сали за големи конференции, најмодерна мега теретана. Спа центар со базен, салони за разубавување, сопствен паркинг и се што подрзбира хотел со пет ѕвезди.
Овој хотелcки деловен комплекс е во сопственост на копманиите „Премиум Пиво Дооел Битола”, „АТИК Премиум ДОО Битола” кососпстеници Александар Талевски и Игор Колевски кои се партнери инвеститори на повеќе проекти на станбени единици во Битола.
Инвеститорите велат дека ваквиот тип на инвестиции е од високо економско значење за Битола и целиот регион па дури и за соседба Грција и Турција. Ова дотолку повеќе што најголем дел од туристите во градот се Турци, а за жал Битола не може да понуди сместувачи капацитети по квалитет и квантитет со цел да ги задржи туристите и да понуди хотелско сместување во еден објект.
Според инвеститорите „овој комплекс ќе биде од инзвонредно значење на сите спортски клубови и спортистите на градот како и за екипите и спортистите кои доаѓаат од европските држави за мечевите од меѓународен каратектер на ракометниот клуб Пелистер кој последниве години игра во лигата на шампионите , фудбалскиот клуб Пелистер, за репрезентациите на Македонија како и за другите спортски клубови но и за потребата за културните настани од домашен и меѓународен ранг можат да престојуваат и да бидат сместени во овој хотелски комлекс“.
Целата инвестиција е во вредност од 12.5 милиони евра финансирана од страна на инвеститорите и кредитна линија од позната банка.